Поранешен агент на CIA уапсен поради поседување тајни документи

Поранешен агент на американската Централна агенција за разузнавање (CIA) е уапсен на територијата на САД, поради поседување тајни документи, особено список на агенти ,извештаи од средби и адреси на тајни засолништа, објави американското министерство за правда.

Педесет и тригодишниот Џери Чун Шинг Ли бил уапсен во понеделникот вечерта откако пристигнал на аеродромот „Џон Фицџералд Кенеди“, поради активности од 2012 година, коишто не се прецизирани во соопштението на министерството за правда на САД.

Ли, поранешен натурализиран американски војник во 1994 година ѝ се приклучил на CIA каде што бил задолжен за регрутирање агенти за американските тајни служби. Во тоа својството 1994-та престојувал во неколку земји, коишто исто така не се наведени во соопштението, сѐ до неговото заминување од CIA во 2007 година, по што заминал да живее во Хонгконг. Потоа со семејството заминал да живее во предградие на Вашингтон.

Извештајот не прецизира ниту зашто агенти на Федералното биро за истраги (FBI) ја пребарал неговата хотелска соба во Хонолулу каде што се пронајдени два нотеса полни со тајни информации, кои не требало да ги поседува, бидејќи требало да ги врати при заминувањето од CIA.

„Агентите пронашле две бележници испишани со ракопис на тајни информации од сферата на одбраната, вистинските идентитети и адресите на тајните засолништа“, се наведува во соопштението на американското министерство за правда.

Ли е обвинет за нелегално поседување информации во врска со националната безбедност, за што му се закануваат 10 години затвор. Во соопштението не се прецизира зашто изминало толку време за покренување обвинение за поранешниот агент, доколку не им ги предал чувствителните информации на трети земји.

Весникот The New York Times минатата 2017 година пишуваше дека кинеските служби ликвидирале најмалку 12 агенти на CIA во периодот меѓу 2010 и 2012 година, а дека на шестмина им бил одреден затвор. Тогаш американската разузнавачка агенција започна со потрагата по „кртот“ кој може да ги предавал агентите на CIA, сомневајќи се дека станува збор за нејзин поранешен агент кој живеел во Азија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.