Поранешен војник во Гватемала осуден на над 5.000 години затвор за масакрот од 1982-та

Судот во Гватемала во средата осудил поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 човек, што се смета за едно од најтешките злосторства во 36-годишната граѓанска војна во оваа јужноамериканска земја.

Обвинителите изјавиле дека поранешниот војник Сантос Лопез учествувал во масовните убиства 1982 година на речиси сите мажи, жени и деца во руралното земјоделско село Дос Ерес.

Лопез бил обвинет дека бил дел од елитната Специјална патрола на Каибелес, кој бил испратен во селото Дос Ерес да пронајде припадници на герилска група којашто напаѓала воени конвои.

Кога патролата не пронашла герилци ниту оружје, ги извлекле селаните од нивните домови и според обвинителите, силувале многу девојки. За да го прикријат силувањето, ги убивале речиси сите луѓе кои таму живееле.

Масакрот е изведен во текот на режимот на поренешниот гватемалски воен диктатор Ефраин Риос Монто кој умре во април годинава, под обвинение за геноцид во акцијата во текот на една од најкрвавите фази од судирот кој траше до 1960 до 1996 година.