Поранешен албански министер почина од Ковид-19

Поранешниот албански министер за евроинтеграции и за координација на владата, Марко Бело почина денеска на 59-годишна возраст како последица на коронавирусот.

По дијагностицирањето на Ковид-19, тој 23 дена се лекуваше во болница во Турција, каде и почина.

Покрај тоа што беше пратеник од редовите на Социјалистичката партија во период од 2001 до 2013 година, ја извршувал и функцијата министер за евротеграција, државен министер за координација, како и заменик министер за одбрана.

Во периодот 1997-2000 Марко Бело беше амбасадор на Албанија во Романија, а е еден и од основачите на Советот на амбасадори на Албанија.

Изразувајќи длабоко сочувство до семејството на Бело, претседателот Илир Мета истакна дека „болката е огромна од прераното заминување на пријател, соработник, колега, активен интелектуалец, примерен граѓанин и семеен човек“.

Од него се простија и лидери на политички партии, негови сопартијци, колеги, пратеници и дипломати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.