Поранешен боксерски шампион почина од коронавирусот

Пораншениот европски првак во бокс, 61-годишниот Анџело Ротоли, почина во Бергамо од последиците на коронавирусот.

Ротоли, како што пишува дневното спортско издание Тuttosport, починал во болницата „Понте Сан Пјетро“, а пред две седмици од вирусот на Covid-19 починале и неговите мајка и брат.

Анџелот Ротоли кариерата ја започна во тешка категорија, додека своите најголеми успеси ги оствари во леснотешка категорија. За титутлата светски првак во верзијата WBC во леснотешка категорија се бореше во 1985 година, но беше поразен од Порториканецот Карлос Де Леон.

Двапати беше шампион на Италија, а во 1987 година стана и интернационален првак во WBC лесна категорија, а потоа и европски прак во лесна категорија. Последниот меч во кариерата го имаше во 1990 година.

Во професионалната кариера Ротоли оствари 29 победи, три пораза и двапат боксуваше нерешено.