Поранешен британски војник загина во борби во Украина

оранешен британски војник е убиен борејќи се во Украина, соопшти неговото семејство.

Како што пренесува Би-Би-Си, Џордан Гетли, кој ја напуштил британската армија во март, загинал во битката за источниот град Северодоњецк каде последниве денови се водат интензивни борби.

Тој е вториот Британец кој загина во борби во Украина, откако Скот Сибли го загуби животот во април.

Во објава на Фејсбук, неговиот татко Дин рече дека Џордан отишол да се приклучи на отпорот на руската инвазија врз Украина и помогнал во обуката на локалните сили. Тој рече дека Џордан загинал на фронтот бранејќи го Северодоњецк.

– Тој навистина беше херој и засекогаш ќе биде во нашите срца, напиша Дин Гетли.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.