Поранешен фудбалер на Реал уапсен за дрога

105

Шпанската полиција го уапси во Мадрид поранешниот колумбиски фудбалски репрезентативец и члеан на мадридски Реал, Едвин Конго поради трговија со дроги.

Конго бил уапсен и приведен, па потоа ослободен по давањето исказ, но според шпанските медиуми истрагата ќе остане отворена па фудбалерот ќе мора да соработува со полицијата.

Засега не се објавени повеќе детали за случајот во кој покрај 43-годишниот Конго се уапсени уште девет лица.

Колумбиецот дојде во Реал во 1999 година, но не усепа да се пробие во првиот тим. „Кралевите“ подоцна го позајмуваа во Реал Вајадолид и Виторија Гимараеш, а играше и за Тулуз, Леванте, Рекреативо де Хуелва, Спортинг Хихон.

За Реал одигра 112 натпревари на кои постигна 21 погодок. За селекцијата на Колумбија одигра 17 мечеви на кои постигна три гола.

Инаку, Конго не е првиот колумбиски фудбалер кој има проблеми со законот во странство поради вмешаност во трговија со дроги. Во последните петнаесетина години ова е најмалку петтото „звучно“ име од колумбискиот фудбал кое „заглавува“ поради трговија со наркотици, пишуваат шпанските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.