Поранешен градоначалник и полициски службеник го избодел синот во семејна кавга

Звонко Цветковски, поранешен градоначалник на скопската општина Петровец, во моментов советник во Министерството за внатрешни работи го избодел својот син по куса семејна расправија, информираат извори на НетПрес.

„На 26.09.2021 околу 14.50 часот во СВР Скопје – Полициско одделение Петровец било пријавено дека околу 13.30 часот во с.Ржаничино, скопско, по претходна расправија во домот, З.Ц.(53) со остар предмет му нанел повреди на неговиот син Ј.Ц.(22). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат изворите, станува збор за нов инцидент во кој е вмешан Цветковски, во неговиот дом по кратка расправија го нападнал својот син со кој имале нарушени односи, на кого му нанел две убодни рани во пределот на стомакот. Синот бил пренесен со возило на брза помош во клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување неопходна медицинска помош.

Како што дознаваме, за инцидентот е известено е Основното јавно обвнтиелство Скопје за извршено кривично делот „телесна повреда при семејно насилство“.

Од МВР за НетПрес посочија во врска со осомничениот дека станува збор за советник во Бирото за јавна безбедност (БЈБ), а не како што и претходно имаше шекулации дека е виш советник на министерот Оливер Спасовски.