Поранешен грчки министер пронајден мртов

Поранешен министер на ПАСОК, 77-годишниот Сифис Валиракис, кој беше исчезнат од неделата напладне кога тргнал на пловидба со гумен чамец, е пронајден мртов во Егејското морео во близина на Еретрија, објави грчката агенција АНА-МПА.

Акцијата на крајбрежната стража за лоцирање на поранешниот министер започна во неделата попладне, со учество на приватни бродови, хеликоптер на морнарицата и тим од единицата за подморнички мисии.

Според извори на агенцијата, чамецот бил најден напуштен, насукан во близина на островот Аспрониси. Моторот на бродот сè уште работел, додека внатре имало две копја. Подоцна, на околу еден километар од чамецот било пронајдено и неговото тело. Според официјалните лица на крајбрежната стража, 77-годишникот најверојатно паднал од чамецот во морето.

Сифис Валиракис (77), бил член на движењето на отпорот во Грција за време на воената диктатура, подоцна имал 15-годишна министерска кариера во повеќе ресори, а бил член на партијата ПАСОК.