Поранешен српски репрезентативец застрелан пред домот во Атина

Поранешниот српски репрезентативец, Дарко Ковачевиќ, во вторникот вечерта бил застрелан во коленото пред својот дом во Атина, објавија грчките медиуми.

Според првичните информации, Ковачевиќ бил застрелан од непознати напаѓачи кои го чекале во автомобил пред домот во луксузниот кварт Глифада, а потоа избегале.

Веќе се најдени пиштолот и опожарениот автомобил со кој е извршен нападот врз 46-годишниот фудбалер, на околу 700 метри од домот на Ковачевиќ, пренесува телевизискиот канал ERT1.

Ковачевиќ итно е пренесен во болница, па иако нема официјални информации, шпекулациите се дека бил застрелан во нога.

Поранешниот напаѓач настапуваше за Олимпијакос, подоцна беше спортски директор на грчкиот клуб, а неодамна се шпекулираше дека повторно ќе се врати на таа функција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.