Поранешен турски вицепремиер основаше сопствена партија

Поранешниот турски вицепремиер и министер за економија Али Бабаџан објави во телевизиско интервју дејка ќе основа нова политичка партија. Партијата еќ биде промовирана в среда.

Бабаџан во интервју за Фокс ТВ-Турција, изјави дека денеска ќе бидат доставени потребните документи во турското МВР за регистрирање на партијата. Се очекува партијата да го носи името Демократија и напредок.

Во периодот 2009-2015 година Бабаџан беше вицепремиер во владите на Партијата за правда и развој (ППР), и одговорен за економијата. Ја напушти таа партија во летото 2019 година поради „големи неосгласувања“ со насоките на политичкиот субјект.

Поранешниот сојузник на претседателот Реџеп Таип Ердоган беше еден од основачите на ППР. Во декември и друг поранешен сојузник на Ердоган – поранешниот премиер Ахмет Давутоглу основашпе своја партија – Партијата на иднината.