Поранешен војник го призна убиството на словачкиот новинар Куциак

Непосредниот извршител на нарачаното убиство на истражувачкиот новинар на братиславскиот портал Aktuality.sk, Јан Куциак и неговата вереница Мартина Куширова, порешниот војник Мирсолав Марчек во понеделникот го признал злосторството во текот на судското рочиште, пренесува словачкото радио.

Обвинетиот Мерчек, исто така, признал дека во 2016 година го извршил убиството на претприемачот Петер Молнар. Поради споменатите злосторства, се соочува со доживотен затвор.

Специјалниот кривичен суд на Словачка во понеделникот ги започна расправите за убиството на новинарот, кое предизвика незапаметени протести во земјата од нејзиното осамостојување, Рочиштата се одвиваат во градот Пезинот, на западот од Словачка. Обвинети се четири лица, меѓу кои извршителот Марчек и нарачателот на злосторството, контроверзниот биснисмен Маријан Кочнер.

Дваесет и седумгодишните Јан Куциак и неговата свршеница Мартина Куширова беа убиени на 21-ви февраури 2018 година, во селото Велка Мача, во западниот дел од Словачка.

Новинарот разоткриваше корупциска шема во владејачките структури на Словачка и пишуваше за наводни контакти на двајца високи државни функционери во владата и деловен човек со политички врски со италијанската мафијашка организација Ндрагета.

Убиството на новинарот, петтото во последните десет години во некоја од земјите на Европската унија, ги предизвика најголемите улични протести во Словачка од падот на комунизмот во 1989 година.

Притисокот од протестите доведе до оставка на премиерот Роберт Фицо и неговиот министер за внатрешни работи Роберт Калина, како и на началникот на полицијата Тибор Гашпар. Фицо на премиерската позиција го замени сопартиецот од „Правец – социјална деморкатија“, Петер Пелегрини.