Поранешна полициска инспекторка пронајдена мртва во Охрид

97

Поранешна полициска инспекторка попладнево е пронајдена мртва во стан во Охрид.

Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид – потврдува за „Охрид 1“ портпаролот на ДВР Охрид, Стефан Димоски.

-Станува збор за Марија М. која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а беше отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи.

Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.