Видео од поранешна американска стјуардеса, која се сеќава на неколку познати личности што патувале во истиот авион во нејзина смена, стана вирално на „Тик-ток“.
Таа оценува некои од нив за нивното однесување за време на летот.
Меѓу другите, на летот од Лос Анџелес до Њујорк, тогашната стјуардеса Кет Камалани ја запознала Ким Кардашјан за која вели дека била толку симпатична што не ѝ забележала дека оди во тоалет без чевли“. Ѝ даде оценка 10/10.
Камалани ја спомена и поранешната манекенка на „Викторија сикрет“, Рози Хантингтон-Вајтли, за која рече дека била многу пребирлива за храна и пијалаци за време на седумчасовниот лет.
„Таа леташе од Њујорк до Лондон. Мириса неверојатно, но ништо не јадеше и не пиеше во авионот. Само купи изворска вода“, вели стјуардесата.
Камалани ја опиша актерката Елизабет Беркли како неверојатно симпатична. „Беше малку лудо со неа, со нејзиното дете и дадилката, но беше многу љубезна… како ангел“.