Поранешната каталонска министерка за образование и се предаде на британската полиција

AppleMark

Поранешната каталонска претставничка Клара Понсати денеска и се предаде на британската полиција.

Шпанија по Понсати распиша потерница поради учество во организирањето на референдум за независноста на Каталонија.

Понсати (62) е професор по економија и таа се предаде на полицијата во Единбург, а пред станицата имаше мала група приврзаници на независноста на Каталонија.

Таа ќе биде предадена на судот во текот на денот, кој ќе го разгледа нејзиното условно пуштање на слобода.

Понсати беше регионална министерка за образование, а сега предава економија на Шкотскиот универзитет. Шпанските власти ја обвинуваат за обид за сецесија, бидејќи учествувала во составувањето на декларацијата за независност на Каталонија. Таа во Шпанија би можела да биде осудена на 15 години затвор.

Шпанскиот Врховен суд во октомври осуди девет поранешни претставници на Каталонија на затворски казни од девет до 13 години. Потоа шпанските власти издадоа европски налог за апсење на три лица, од кои едната е Понсати, а другите двајца се во Белгија.

Властите во Мадрид исто така бараат екстрадиција на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој е во Белгија. Неговиот налог за екстрадиција треба да биде разгледан на 16 декември.