Поранешната министерка за култура: Кажете ѝ на Захариева дека во Македонија постои бугарски културен центар

„Ако Србија има културен центар во Северна Македонија, сакаме да има и бугарски културен центар“, рече министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева по најавите дека во Македонија ќе има српски културен центар.

Со реакција се јави и поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска-Цветанова која што рече дека во Македонија веќе има таков центар.

„Кажете и на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2002 година“, напиша Цветанова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.