Поранешната Мис Македонија во улога на тв-водителка

Поранешната Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, станува водителка, на Instagram објави дека започнува со сосема нов ангажман.

Гледачите ќе имаат можност да ја гледаат Вера секој ден на Утринската програма на ТВ Канал 5.

„Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кои ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден, секое добро“, напиша Мештеровиќ.

Инаку, по десет години заеднички живот, поранешната Мис на Македонија пред три години се разведе од нејзиниот сопруг, фудбалерот Игор Кралевски. Од бракот, Вера и Игор ги имаат синот Андреј и ќерката Јована.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.