Поранешниот албански министер Тахири во затвор поради злоупотреба на позицијата

albanijaВисокиот суд во Албанија пресуди во петокот дека поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири наместо условна казна треба да одлежи затворска казна од три години и четири месеци поради злоупотреба на положбата.

Тахири во 2019 година беше прогласен виновен за злоупотреба на позицијата во периодот додека беше министер за надворешни работи од 2013 до 2017 година и беше осуден на условна казна од три години и четири месеци, а ослободен беше од обвинението за трговија со дроги.

Обвинителството се жалеше на пресудата. Високиот суд пресуди дека Тахири примал услуги и подароци од трговци со наркотици и ја злоупотребил својата службена положба. Тој инсистира дека не е виновен.

„Жалам што на овој начин се одигра… Никогаш не сум го прекршил законот.. Ова е едноставно неправда“, објави Тахири на својата Facebook страница по изрекувањето на пресудата.

Според законот, веднаш мора да почне да ја отслужува казната во затвор во албасната престолнина Тирана.

Тахири своевремено беше близок сојузник на премиерот Еди Рама. Неговиот случај не влијаеш врз популарноста на Рама кој во април 2021 година го обезбеди третиот мандат на премиерската функција.