Поранешниот авганистански претседател Гани повторно се извини поради бегството

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани (Photo by AP)

Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани повторно им се извини на сонародниците по бегството во Обединетите Арапски Емирати откако талибанските бунтовници на 15-ти август влегоа во главниот град Кабул, пренесуво во четвртокот британскиот јавен сервис BBC.

„Напуштањето на Кабул беше најтешката одлука во мојот живот“, навел Гани додавајќи дека жали што „не можел да направи тоа поинаку да заврши“.

Гани ненадејно пребегна од Авганистан во соседен Таџикистан а од таму во Обединетите Арапски Емирати додека талибаните влегуваат во Кабул. Рече дека немал намера да ги напушти своите луѓе, но дека тоа „било единствениот начин“. Во

Гани по три дена молк и откако не се знаеше локацијата на која се наоѓа, на 18-ти август преку видео-порака на Facebook објави дека неговото бегство било со цел да се спречи крвопролевање во земјата и вети дека поединостите за настатани ќе ги обелодени во следниот период, тврдејќи дека талибаните ветиле дека нема да влезат во Кабул.

Во изјавата споделена на Twitter во средата ноќта, Гани повторно тврди дека немал избор и дека морал да ја напушти земјата, за да се избегне големо насилство.

„Заминав на наговор од обезбедување на претседателскиот дворец, кое ме советуваше дека останувањето би предизвикало исти улични борби какви што е случуваа во текот на граѓанската војна во 1990-те“, напиша Гани додавајќи дека тоа го сторил за да ги спаси Кабул и неговите шест милиони жители.

Наведува дека посветил 20 години помагање Авганистан да стане „демократска, успешна и независна држава“. Гани повторни ги отфрла „неоснованите“ обвинувања дека во Емиратите заминал со околу 169 милиони американски долари од државната каса.

Седумдесет идвегодишниот поранешен претседател, кој е жестоко критикуван од другите авганистански политичари поради напуштањето на земјата во критичните моменти за најзината иднина, повтоно најавува дека наскоро ќе проговор за настаните кои довеле до неговото заминување.

Во обраќањето во живо на Facebook од 18-ти август, Гани рече дека неговото обезбедување го „натерало“ да го напушти Авганистан, бидејќи „постоела реална шанса да биде заробен и убиен“. Рече дека кога талибаните влегле во претседателскиот дворец во Кабул „почнале да го бараат од соба во соба“.

Отфрлајќи ги обвинувањата дека со себе однел голема сума пари кога бегал од земјата, Гани вели дека „не му било дозволено ниту да ги собуе саналите и да земе чевли“.

Талибаните на почетокот од седмицава го објавија составот на новата привремена влада, составена исклучиво од мажи и високи претставници на движењето. Во средата десетици жени во Кабул и во североисточната провинција Бадакшан протестираа против новата влада, истакнувајчи дека нема да прифатат владата во којашто нема жени.