Поранешниот директор на ЕСМ е спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов утрово со лисици на рацете беше спроведен во Кривичниот суд, откако вчера беше уапсен на ГП „Табановце“, објави ТВ Алфа.

Тој е еден од вкупно 23 осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6 и пол милиони евра.

Главниот осомничен Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ е недостапен за органите, односно е во бегство, според информациите, најверојатно тој се наоѓа во Виена, Австрија.

Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Македонските власти соопштија дека се надеваат на брза и експресна екстрадиција на Ковачевски.