Поранешниот француски премиер Фијон осуден на четири години

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон е осиден на четири години лишување од слобода, вклучително и една година која мора да ја одлеж в затвор, во случајот со фиктивното вработување на неговата сопруга, објави телевизискиот канал BMFTV, цитирајќи ја одлуката на Апелацискиот суд во Париз.

Неговата сопруга Пенелопе Фијон судот ја осудил на условна казна од две години лишување од слобода.

Скандалот околу Фијон, кој тогаш беше водечката политичка фигура на француската десница, се разгоре во текот на кампата за претседателските избори 2017 година, на коишто првиот мандат го освои актуелниот претседател Емануел Макрон.

Тогаш неделникот Le Canard enchaîné, кој го отвори скандалот, тврдепе дека сопругата на поранешниот премиер и претседателски кандидат осум години, во периодот од 1998 до 2013 година, била платена како пратенички асистен, што францускиот закон го овозможува, но без навистина да има ниеден ангажман.

Првично, Пенелопе Фијон била ангажирана на споменатата должност од самиот сопруг, како пратник во Националното собрание (долниот дом на францускиот парламент). Откако Франсоа Фијон, пак, беше именува за премиер, неговата сопруга асистентската позиција ја задржала кај неговиот наследник во парламентот Марк Жуло.

Во јуни 2021 година, Парискиот суд го прогласи Фијон виновен во случајот, осудувајќи го на пет години лишување од слбода, од кои две требаше да одлежи в затвор. На 15-ти ноември лани, парискиот Апелациски суд започна со разгледување на жалбата на поранешниот премиер и неговата сопруга.