Поранешниот главен обвинител на Украина побарал од Јанукович да прогласи вонредна состојба

Украински новинари откриле документи кои сведочат за тоа дека поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка, побарал од поранешниот претседател Виктор Јанукович, да прогласи вонредна состојба за време на протестите во земјата, пренесе „УНИАН“.

Документите се откриени меѓу архивите на Пшонка, откако тој беше отстранет од функцијата.

Во моментов важечките власти преземаат мерки за потрагата и апсењето на лица кои се одговорни за крвопролевањето во земјата.