Поранешниот градоначалник на Охрид претепан поради долг

308

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески биле претепан вчера од сограѓанин, наводно, поради долг.

Според нашите извори, Петрески бил претепан од охриѓанецот со прекар Благе. Боксерот Благе, наводно, на ексградоначалникот поодамна му позајмил пари кои Петрески не му ги вратил.

Нападот Петрески, иако првично  демантираше, го пријавил во полиција. Од СВР Охрид потврдуваат дека лице со иницијали А.П. пријавило физички напад и загрозување на безбедноста и дека се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.