Поранешниот градоначалник на Центар Жупа украл над 30.000 евра

74

Поранешниот градоначалник на Центар Жупа додека бил на власт од  земал пари од жителите и си ги ставал во џеб.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека против 55-годишниот Н.Ш. од село Голем Папрадник-Центар Жупа, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа е поднесена кривична пријава бидејќи додека бил на власт крадел од пари од жителите на општината.

Според информациите од полицијата, пријавениот како градоначалник во периодот 2004-2009 година за изградба и реконструкција на патишта и канализациска мрежа од жителите на Центар Жупа зел на рака вкупно 30.700 евра и истите не ги внел на жиро-сметката на општината, задржувајќи си ги за себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.