Поранешниот израелски премиер Олмерт осуден на 6 години затвор за поткуп

Поранешниот израелски премиер Олмерт денеска е осуден на шест години затвор за земање на поткуп во случајот наречен Света земја.

Олмерт е прогласен за виновен од страна на Окружниот суд бидејќи земал мито во висина од 144 илјади долари во времето кога бил градоначалник на Ерусалим за изградба на станбениот комплекс Света земја.

Според израелските закони, за примање на поткуп максималната затворска казна изнесува седум години. Тужителството побарало, поранешниот премиер, да биде осуден на од пет до седум години. Во случајот поранешниот премиер е осуден заедно уште со десет лица.

Поранешниот премиер најави дека ќе поднесе тужба до Врховниот суд, бидејќи не се смета за виновен.

Олмерт станал премиер во 2006 година и на оваа функција останал се до 2008 година кога започнале обвинувањата за мито и корупција. Олмерт се смета за еден од најзаслужните политичари кои допинесоа до мировниот договор со палестинците.