Поранешниот либиски премиер Махмуд Џaбрил умре од коронавирус во болница во Каиро

Поранешниот либиски премиер Махмуд Џабрил умрел вчера во болница во Каиро, откако се заразил во коронавирус.

Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ) соопшти дека Џабрил умрел по „борбата со инфекцијата на коронавирус“, пренесе Си-Ен-Ен.

-Махмуд Џабрил посебно беше посветен на изградбата на цивилното општество и промоцијата на вклучувањето на жените и младите Либијки во политиката. На многу им беше пријател и ментор, а неодмана учествуваше на Форумот за политички дијалог под патронат на ОН. Многу ќе ни недостига, изјави претставничката на генералниот секретар на ОН и лидерка на УНСМИЛ Стефани Вилијамс.

Неговата партија НФА на 27 март соопшти дека Џибрил е позитивен на Ковид-19 додавајќи дека се чувствува „стабилно и е на пат да заздрави“.

Џибрил (67) беше привремен премиер на опозициската влада до одржувањето на првите слободни избори во 2012 година, по соборувањето на дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи.