Поранешниот министер Хајредини збунет од мистериозниот вртлог од кој Османи ја спасил Македонија

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини се чуди од каков вртлог не извлекол министерот за надворешни Бујар Османи кој не е познат како Супермен ниту досега покажал способности кој го прават супердипломат.

„Дали некому му е познато од кој балкански вртлог и како Бујар Османи успеал во последен момент да ја извлече државата?“, прашува Хајредини, коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни Бујар Османи за францускиот предлог:

Знам дека јавноста сè уште е поделена, а убеден сум дека направивме добра и стратешка одлука за којашто времето ќе покаже дека тоа било така и успеавме во последен момент да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог и да ја лансираме во еден неповратен пат на европеизација и стабилизација, но и зголемување на стандардот за граѓаните, изјави Османи.

Каков вртлог имало и како тој и владата ја спасиле Македонија Османи не дава детали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.