Поранешниот министер за финансии на Грција пред суд

Поранешниот грчки министер за финансии Јоргос Папаконстантину денеска ќе се појави пред суд под обвинение дека од листата државјани на Грција кои имаат сметки во швајцарската подружница на контроверзната банка ХСБЦ ги тргнал имињата на неколку негови роднини.

Папаконстатину (53) ги отфрла обвинувањата дека го менувал документот што во Грција се нарекува „Листата на Лагард“ и дека од него исфрлил тројца свои роднини.

Доколку поранешниот министер биде обвинет за неовластено изменување на документот му се заканува значајна затворска казна со оглед на тоа што прекршоците против државата  според законите во Грција се отежнувачка околност.

Папаконстантину беше министер за финансии од крајот на 2009-тата до средината на 2011-тата година, кога беше назначен за Министер за животна средина. Токму за време на неговиот мандат Грција го постигна првиот договор за првиот пакет помош со меѓународните кредитори.

фото: Reuters