Поранешниот министер за одбрана на БиХ Цикотиќ осуден на три години затвор

Поранешниот министер за одбрана и безбедност на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ во вторник е осуден на три години затвор откако со неправосилна пресуда беше прогласен за виновен за злоупотреба на положбата и овластувањето, а тоа е фаворизирање на загрепската компанија „Scout“.

Обвинението против Цикотиќ е покренато во ноември 2021 година, а Обвинителството на БиХ го товари за злоупотреба на службената положба и овластување поради склучување договор за компанијата „Scout“, кој го оценија како штетен.

Според обвинението, чии наводи судот ги прифатил, Цикотиќ како министер за одбрана на БиХ во периодот од 2009 до 2011 година незаконски ги менувал договорите за продажба на застарено оружје и муниција што „Scout“ претходно ги имал склучено со министерствата за одбрана на двата ентитета, додека тие сè уште постоеја.

Наместо застарено оружје и муниција што биле планирани за отпис и продажба, Цикотиќ со промена на договорот му овозможи на „Scout“ да извезува поквалитетно оружје и муниција, за кои има поголема побарувачка на пазарот. На овој начин го оштетил буџетот за околу 9,7 милиони конвертибилни марки (4,96 милиони евра)“, се наведува во обвинението.

Цикотиќ, покрај должноста министер за одбрана, беше и министер за безбедност на БиХ во периодот од 2020 до 2022 година, а претходно беше советник во кабинетот на бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Тој беше назначен на овие позиции како кадар на Партијата за демократска акција (SDA), иако на неговото именување се спротивставија HDZ BiH бидејќи го сметаат за одговорен за воените злосторства извршени врз Хрватите во областа Бугојно додека Цикотиќ ја извршуваше функцијата командантот на Армијата на БиХ во регионот.

Повеќе од 15.000 Хрвати беа протерани од областа Бугојно, а повеќе од 300 беа убиени. Истрагите против Цикотиќ, кои се водеа поради ова, досега не доведоа до обвинение.

Откако SDА по последните парламентарни избори во БиХ замина во опозиција, Цикотиќ остана професор на Факултетот за политички науки во Сараево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.