Поранешниот пакистански диктатор Мушараф осуден на смрт

Пакистанскиот суд во вторникот го осуди на смрт поранешниот диктарот генералот Первез Мушараф за предавство извршено со суспендирање на уставот во 2007 година.

Тричлениот судски совет ја објави одлуката во главниот град Исламабад по судењето кое траеше шест години. Според пакистанскиот устав, секој кој е вклучен во неуставни чекори може да биде суден под обвинение за првпат, но ова беше првпат еден воен диктатор да се соочи со процес за предавство.

Первез Мушараф, кој денес живее во егзил во Дубаи, владееше со Пакистан во периодот од 1999 до 2008 година. Со воениот удар во 1998-та го собори тогашниот премиер Наваз Шариф и стана позната фигура во светската политика откако им се придружи на САД во војната против тероризмот на талибаните во Авганистан.

Уставот го суспендираше во 2007 година за да го „прочисти“ правосудството и да го избегне правното оспорување на неговото владеење.

„Ова е важна пресуда и значајно ќе влијае на редефинирање на пакистанската политика наклонета на државните удари“, оцени во прилогот државната телевизија.

Генералите владеја со Пакистан речиси половина од постоењето на оваа земја од пригласувањето на независноста од Велика Британија во 1947 година.

первез мушараПакистан има долга историна на воени удари, кога воените диктатори ги обвинуваа избраните влади дека ги предизвикале ваквите интервенции. Мушараф, имајќи предвид дека не е во земјата можеби и нема да се соочи со казната, но аналитичарите веруваат дека пресудата барем ќе ги обесхрабри можните идни обиди за пучеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.