Поранешниот шеф на американскиот CDC верува дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Кина

Некогашниот прв човек на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) Роберт Редфилд, вели дека верува оти коронаврисуот SARS-CoV-2 веројатно потекнува од лабораторијата во централниот кинески град Вухан профајжајќи на теоријата којашто ја отфрлија многу епидемиолози во светот и која придонесе за дополнителни тензии меѓу Кина и Западот.

„Сѐ уште мислам дека најверојатната можност е дека овој патоген во Вухан бил од лабораторија, и знаете, побегнал“, вели во телевизиското интервју за CNN Редфилд кој беше на чело на CDC во време на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Не е невообичаено респираторните патоген на коишто се работи во лабораторија да ги заразат лабораториските работници“, додаде Редфилд.

Смета дека не е веројатно дека болеста којашто потекнува од лилјаците, како што сметаат многу стручњац, толку брзо „да стане еден од најзаразните вируси коишто ги познаваме во човештвото и да се пренесува од човек на човек“. Редфидл притоа истакна дека не рекол никогаш оти вирусот е намерно пуштен.

Неговото мислење се совпаѓа со она на другите функционери од претходната американска администрација, меѓу кои и поранешниот државен секретар Мајк Помпео, кој неодамна рече дека постои „значително количество докази“ дека вурусот потекнува од лабораторија, но притоа не даде никакви докази.

Долгогодишниот прв човек на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи, кој на функцијата беше и во администрацијата на Трамп а е и сега под новиот претседател Џо Бајден, рече дека повеќето функционери во јавното здравство не се согласуваат со „теоријата на кинеската лоабораторија“ кога на брифинг во Белата куќа подоцна во петокот од него бараа да ги коментира изјавите на Редфилд.

„Повеќето стручњаци веруваат дека вирусот циркулирал намлаку еден месец а можеби и повеќе пред да биде идентификуван во Кина и дека за тоа време можел да се прилагоди на поефикасно пренесува од човек на човек“, додаде Фаучи.

Во следниот период се очекува прелиминарниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за истрагата за потеклото на коронавирусот. Во февраури на прес-конференција во СЗО беше кажано дека лилјаците остануваат веројатниот извод на коронавирусот и беше отфрлена теоријата дека вирусот протекол од лабораторија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.