Поранешниот советник на американскиот репуликански претседател Доналд Трамп, Стив Банон, мора да се јави во затвор до 1-ви јули за да отслужи четиримесечна казна за непочитување на Конгресот, изјави во четвртокот федерален судија.
Одлуката значи дека Банон, десничар кој останува влијателен во круговите на поддрживачите на Трамп, најверојатно ќе биде во затвор во текот на клучната фаза од кампањата за претседателските избори на 5-ти ноември, на кои поранешниот републикански претседател Диналд Трамп ќе се соочи во реваншот со актуелниот демократски претседател Џо Бајден.
Наредбата на американскиот окружен судија Карл Николс од Вашингтон беше издадена откако федералниот апелационен суд минатиот месец го отфрли обидот на Банон да ја поништи поканата за сведочење на Конгресниот комитет кој го истражува упадот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година на поддржувачите на Трамп и оние кои сметаа дека се лажирани претседателските избори во ноември 2020 година во полза на Бајден.
Банон им рече на новинарите надвор од судницата дека ќе побара од Врховниот суд да интервенира, велејќи дека тоа е политички мотивиран прогон.
„Сево ова е за една работа: затворање на движењето MAGA“, рече Банон алудирајќи на слоганот на Трамп Make America Great Again (Да ја направиме Америка повторно голема).
Во 2022 година, Банон беше осуден по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот затоа што одбил да предаде документи и да сведочи пред комисијата на Претставничкиот дом.
Се очекува Банон да побара одложување на наредбата на судијата, што би можело да го одложи датумот на неговото јавување на затворската управа.
„Имам одлични адвокати и ќе одиме до Врховниот суд ако треба“, им рече Банон на новинарите пред зградата на судот додавајќи дека „нема сѐ уште таков затвор или некогаш ќе има кој некогаш ќе ме затвори“.
Банон ќе биде вториот поранешен висок функционер на Трамп кој ќе заврши во затвор затоа што одбил да соработува со конгресниот ломитет. Питер Наваро, поранешен трговски советник, отслужува веќе четиримесечна затворска казна.
Банон беше меѓу поранешните советниците на Трамп кои сакаа да ја спречат потврдата за победата на Бајдеон на изборите во 2020 година, но тогаш тој веќе не работеше во Белата куќа.