Поранешниот советник на Трамп не гледа ништо незаконско во разговорот со Зеленски

Тим Морисон, поранешен службеник на Советот за национална безбедност и советник на претседателот Трамп

Поранешниот заменик на помошникот на американскиот претседател, Тим Морисон, задолжен за еврпските прашања особено поврзани со Украина и Русија, потврдил дека не видел ништо незаконско во телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и неговиот украински колега Владимир Зеленски, покажува стенограмот од неговото сведочење во Конгресот во рамките за истрагата за отповикување на републиканскиот претседател, објавен во саботата.

„Го разгледав транскриптот од телефонскиот разговор од 25-ти јули објавен од Белата куќа. Го слушав повикот, додека се наоѓав во просторијата за ситуации. Колку што се сеќавам, транскриптот точно и целосно ја одразува содржината на разговорот“, се цитира изјавата на Морисон дадена на 31-ви октомври зад затворени врати.

Според него, во просторијата немало адвокат од Советот за национална безбедност, па затоа Морисон ги замолил да се запознаат со содржината на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски.

„Имав три причини за загриженост. Прво: како тоа ќе се сфати во поларизираната атмосфера во Вашингтон, второ: како истекувањето би влијаело врз сегашната двопартиска поддршка во Конгресот за нашите украински партнери, трето: како тоа би влијаело врз украинскатата перцепција на односите меѓу САД и Украина“, додал Морисон.

Потенцирал дека лично тој не видел ништо незаконско во споменатиот разговор меѓу Трамп и Зеленски.

Демократите во Конгресот го започнаа процесот за истрагата која може да доведе до импичмент за претседателот Трамп, под обвинение дека тој во споменатиот разговор наводно влијаел врз украинскиот челник Зеленски, Киев да го истражува евентуалниот негов противник на претседателските избори следната година, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Трамп потврди дека ги повикал украинските власти да се справуваат со корупцијата, а Зеленски изјави дека не чувствувал дека врз него е вршен притисок и, според тврдењата, бил условен со американската воена помош за Украина која во тој период беше привремено суспендирана.

Според сведочењата на неколку функционери, овој повик подоцна во Вашингтон го оцениле како награда за украинскиот челник во замена за отворање на истрагата за корупција поврзана со поранешниот потпретседател Џо Бајден и негвоиот син Хантер, кој станал член на управниот одбор на најголемата приватна украинска енергетска компанија „Burisma“ со плата од 50.000 долари месечно, иако ништо не знаел ниту за енергијата, ниту за Украина, а во моментот кога неговиот татко станал првиот човек во Вашингтон задолжен за Украина.

Подоцна Бајден се фалел дека го уценил тогашниот украински претседател Петро Порошенко дека на Украина ќе ѝ ја ускрати американската воена помош доколку не го смени главниот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата во „Burisma“.

Доколку Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, во Сенатот ќе се одвива судењето на Трамп по водтво на претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс. Потоа би следело гласање, при што за импичмент и отповикување на Трамп од претседателската должност се потребни две третини од гласовите на сенаторите. Во Сенатот мнозинство имаат републиканците, кај кои нема во моментов големо расположение да се гласа за отповикување на Трамп.