Поранешниот светски рекордер во полумаратон суспендиран поради допинг

17

Поранешниот светски рекордер во полумаратон, 30-годишниот Кениец Абрахам Киптум е суспендиран на четири години, поради кршење на антидопинг прописите, објави Единицата за интегретите на атлетиката (AIU).

Киптум е суспендиран уште на 26-ти април, поради неправилности во неговиот биолошки пасош. Пасошите функционираат на принципот создавање крвен профил на спортистот и секоја можна варијација при тест на допинг може да упатува на користење недозволени средства.

Четиригодишната забрана започнува од споменатиот датум, а сите негови резултатите од 13-ти октомври 2018 година, вклучително и тогашниот светски рекорд во полумаратон, се избришани.

Киптум го постави светскиот рекорд во полумаратон во октомври минатата година во Валенсија, истрчувајќи резултат од 58 минути и 18 секунди. Неговото време беше за пет секунди подобро од дотогашниот рекорд кој го постави Еритреецот Зерсенаи Тадес во Лисабон во 2010 година. Неговиот сонародник Гофри Камворор годинава во септември во Копенхаген постави нов рекорд, истрчувајќи за 17 секунди подобро време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.