Поранешниот заменик-министер во владата на Заев: СДСМ е истрошена политичка сила

„Вашата борба е симбол за отпор против уште една истрошена политичка сила. Симболот на борба против партиски послушници, кој Максим го прогласија за партиски непослушник. Еј, цела една партија се дигнала против еден поединец. Па, што направил овој човек? Мора да направил нешто многу големо. Четири години направи се’ што можеше за Куманово“.

Ова го рекол поранешниот пратеник на СДСМ и заменик-министер за образование, Петар Атанасов, вчеравечер на митинг во населеното место Пожарно во Куманово.

Атанасов му дава силна поддршка на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој на минатите избори беше избран како кандидат на СДСМ, а на овие настапува како независен кандидат, откако матичната партија одлучи да не го кандидира повторно.