Поранешна тајландска премиерка која е во бегство добила српско државјанство

(FILE) THAILAND TRIALS

Поранешната премиерка на Тајланд, Јинглук Шинаватра, која е осудена на пет години затвор, поради што е во бегство, од неодамна е државјанка на Србија. Решението за прием во државјанство го потпишала премиерката Ана Брнабиќ на 27 јуни, а било објавено во Службен весник на 28 јуни.

Таа добила државјанство врз член од законот, кој предвидува тоа да може да се додели, „кога претставува интерес за Република Србија“. Не се прецизира во што владата го увидела интересот.

Таа беше осудена на пет години затвор поради негрижа во водењето на програмата на субвенции за ориз. Шинаватра беше премиерка од 2011 до 2014 година.

Инаку, и нејзиниот брат Таксин Шинаватра исто така беше премиер од 2001 до 2006 година и беше соборен со воен удар. Тој исто така избега од земјата за да избегне одење во затвор за корупција. Тој доби пасош како почесен граѓанин на Црна Гора во 2009 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.