Поранешната претседателка на Аргентина обвинета за предавство

Аргентинскиот суд во четвртокот издаде налог за апсење за поранешната претседателка Кристина  Елизабет Фернадез де Киршнер обвинувајќи ја за предавство, бидејќи наводно во полза на Иран ја оневозможувала истрагата за напад врз една еврејска организација во кој во 1994 година се убиени 85 луѓе.

Претседалката од редовите на левиот центар во периодот од 2007 до 2015 година, Кристина Киршнер, во моментов е сенаторка и ужива пратенички имунитет кој засега ја штити од затвор.

Сојузниот судија Карлос Бонадио ја обвини Киршнер за предавство и побара нејзин апсење. Во октомври ја повика на распит и поранешната претседателка ги отфрли неговите обвинуваа. Судијата смета дека спогодбата којашто таа ја склучила во 2012 година со Иран им овозможила на иранските осомничени да му избегаат на аргентинското правосудство.

Спогодбата предвидувала иранските високи функционери, осомничени дека го организирале нападот врз еврејската заедница во Буенос Аирес, да ги испитаат аргентински судии во Техеран, бидејќи тоа не можеле да го сторат во аргентинската престолнина.  Аргентина попусто го бараше нивното екстрадирање. Аргентинскиот парламент ја потвди спогодбата, но Иран на крајот ги почитувал нејзините одредби.

Аргентинскиот државен обвинител Алберто Нисман кој беше пронајден мртов летото 2015 година според досегашните сознанија откако се самоубил со пиштол во својот стан во главниот град Буенос Аирес неколку часа пред сенатската комисија да го изложи предметот во кој се товари претседателката Кристина Фернандез де Киршнер поради забошотување на истрагата против ирански функционери за терористички чин за нападот од 1994 година врз Еврејското здружение AMIA во кој загинаа 85 луѓе, имал подготвен налог за апсење на претседателката, објави тогаш истражителката задолжена за овој случај.

Хартиите биле пронајдени во отпадот во станот на обвинителот Алберто Нисман, а неговите сопствености и имоти и натаму се истражуваат за да се пронајдат траги коишто ќе овозможат да се утврди дали овој татко на две деца извршил самоубиство или бил убиен.

Претходно беше објавено дека архивите на аргентинските безбедносни служби по смртта на обвинителот ќе бидат отворени. Одлуката е донесена по наредба на претседателската Кристина Фернандез де Киршнер.

Со оглед на сериозноста на обвинувањата, обвинителот Нисман требаше да се сретне со група пратеници а подоцна пред Конгресот да ги презентира доказите што ги собрал. Неговите сомневања се засновале на снимки од телефонски разговори, од коишто наводно произлегува дека владата преку официјални канали водела преговори за поволности за Аргентина при постигнување на ткн договор за „жито во замена за нафта“.

Обвинителот тврдеше дека еден од условите од овој договор било прекинување на истрагата за евентуална одговорност на петмина Иранци барани во Аргентина во врска со терористичкиот напад од 1994 година. За докажување на своите тврдења, Нисман планирал пред суд за сведочење да ги повика и претседателката Киршнер и нејизниот министер за надворешни работи Ектор Тимерман.

Налогот за апсењето на претседателката Киршнер, за кој влијателниот опозициски дневен весник Clarin тврдеше дека Нисман го составил уште во јуни 2014 година, не бил вклучен во неговиот извештај од 350 страници до правосудните тела кој бил доставен пред неговата смрт. Наместо тоа, Нисман ја повикал Киршнер по тоа прашање да се соочат на суд.

Нисман ги обвини Кишнер и Тимерман за заговор за „обезбедување неказнивост“ за Иранците, кои Аргентина ги обвинува за учество во експлозијата. Покрај тоа, Нисман се обрати до судот со барање за испрашување на претседателката и шефот на дипломатијата, како и замрзнување на нивниот имот од околу 23 милиони американски долари.

Покрај тоа, обвинителот обвини уште неколку аргентински политичари блиски до тогашната влада. Според него, тие биле посредници во преговорите со Иран, во кои Аргентина на Техеран му предлагала жито во замена на испорака на нафта, којашто е нужно неопходна за разнишаната аргентинска економија.

Нисман една седмица пред да биде најден мртов побара отворање истрага против Киршнер поради попречување на работата на правосудните тела. Ја осомничи претседателката дека ја кочела истрагата во полза на Иран.

Во 1994 година, две години по нападот врз израелската амбасадата во Буенос Аирес, во подметната експлозија во зградата на еврејската организација здружение AMIA (Argentine Israelite Mutual Association) во центарот на аргентинската престолнина загинаа 85 луѓе а 300 беа ранети.