Поранешниот директор на ММФ привремен италијански премиер

Италијанскиот претседател Серџо Матарела му го доделил мандатот за формирање на владата на Карло Кoтарели, поранешен директор на Меѓународниот монетарен Фонд.

Матарела му го додели мандатот на Котарели, откако претходно не дозволи именување на министер во владата на Џузепе Конте, но кого му го даде мандатот минатата недела.

Конте го врати мандатот, а коалицијата на движењето „Пет ѕвезди“ и партијата „Лига“, кои три месеца по изборите се обидоа да состават влада, го обвинија претседателот за кршење на Уставот и бараат нови избори што е поскоро можно. Покрај тоа, лидерот на „Движењето пет ѕвезди“, Луиџо ди Мајо, предложи во парламентот да се разгледа импичмент за претседателот на Италија.

Матарела и Котарели се сретнале денеска на состанок што траел час и половина, а поранешниот прв човек на ММФ се согласил да ја предводи техничката влада до одржување на новите избори на почеток на наредната година. Ако неговиот кабинет не добие подршка од парламентот нови избори би можеле да се одржан по август годинава.

Експертие не веруваат дека неговата влада ќе добие мнозинство во парламентот, откако повеќето партии рекоа дека не се согласуваат со техничка влада и бараат предвремени избори.