Поранешниот лидер на Кју Клукс Клан почина во затвор

Едгар Реј Килен, припадник на движењето Кју Клукс Клан, осуден за убиството на тројца активисти за граѓански права во 1964 година во Мисисипи, умрел во затворот, соопшти во петокот американската затворска служба.

Килен, кон следната седмица ќе наполнеше 93 години, умрел во четвртокот вечерта во затворската болница во Мисисипи. Се верува дека починал од природна смрт, но точната причина ќе биде позната по обдукцијата, според соопштението.

Едгар Реј Килен отслужуваше 60-годишна затворска казна поради убиството на Џејмс Ченеј, Ендрју Гудман и Мајкл Швернер. Осуден беше дури во 2005 година, 41 година по тројното убиство за коешто на судењето на покажа каење. Според транскриптите од судењето и документите на Федералното биро за истраги (FBI), тој ја имал клучната улога во планирањето на убиствата на тројцата активисти. Ова убиство е отсликани во филмот „Мисисипи во пламен“ на Алан Паркер од 1988 година.

Ова убиство коешто предизвика силни и долготрајни реакции во светската јавност се случило на 21-ви јуни 1964 година, кога од Њујорк тројцата активисти, од кои двајца Евреи и еден Афроамериканец, пристигнале во Мисисипи за да му помогнат на црнечкото население во гласањето. Автомобилот со нивните тела бил пронајден во мочуриште, а иако Килен тогаш на полицијата ѝ го признал убиството, пресудата беше изречена со децении подоцна.