Поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон одбива да сведочи

591

Стив Бенон, поранешниот главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, ја одби во вторникот судската покана за сведочење во рамките на истрагата за наводното руско мешање во амриканските избори.

Откако Стив Бенон првично одби да одговори на прашањата на оваа тема, Девин Нунес, челникот на разузнавачкиот комитет на Претставничкиот дом одобри да му биде упатен специјална покана којашто би го натерала да сведочи.

Но дури и тогаш Бенон одби да одговори на прашањата, откако неговиот адвокат се советуваше со Белата куќа и повторно му е советувано да одбие да одговори на прашањата за преодниот период веднаш по изборот на Доналд Трамп за 45-ти американски претседател, односно додека Стив Бенон уште беше во администрацијата, тврди еден од членовите комитет, демократот Адам Шиф.

Во меѓувреме весникот The New York Times напиша дека Бенон добил покана за свеочење пред Големата порота на специјалниот обвинител Роберт Мјулер во истрагата за наводните врски меѓу Русија и претседателската кампања на Трамп.

Како што наведува весникот, повикувајќи се на извор „кој сакал да остане неименуван“ а „упатен во случајот“, ова првпат Мјулер да донесе таква мерка против некое од лицата од блискиот круг на претседателот Трамп. Портпаролот на специјалниот обвинител за Reuters не сакал да го коментира The New York Times.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.