Поранешниот телохранител на Осама бин Ладен во Германија живее од социјална помош

Поранешниот телохранител на основачот и идеолошкиот водач на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, идентификуван како Сами А., веќе со години миро со семејството живее во германскиот град Бохум и прима социјална помош затоа што германскиот суд одлучил дека не смее да биде протеран во родниот Тунис, пишуваат во вторникот германските медиуми.

Евроскептичната и антидоселеничка десна партија Алтернатива за Германија (AfD) постави прашање за Тунижанецот во покраинската влада на Северна Рајна Вестфалија, којашто соопшти дека Сами А. Месечни прима преку илјада евра државна помош. На тоа треба да се додаде и околу 150 евра по дете и други форми на помош.

Тунижанецот Сами А. од 1997 година живее во Германија и важи како опасно лие коешто е под постојан надзор и секојдневно мора да се јавува во полицијата. Во 2012 година германскиот суд одлучил дека 42-годишниот Сами не може да биде протеран во Тунис, бидејќи таму му се закануваат мачење и нехумано постапување. Во Германија стасал поради студии, но од 1999 година неколку години престојувал во џихадистичките кампови во Авганистан каде што напредувал до позицијата на еден од телохранителите на терористичкиот водач Осама бин Ладен.

Градските власти во Бохум во неколку наврати се обидувале да ја укинат дозволата за престој за Сами А., но секогаш одлуката морала да биде повлечена поради пресуди во полза на тунискиот државјанин кој во меѓувреме доби четири деца.

„Германија законот за азил тука се злоупотребува до максимум: ние мораме со пари од данокот да финансираме еден терорист, затоа што не смееме го претера“, изјави за весникот Bild, демохристијанскиот политичар Екхард Рехберг.