Пораст на трошоците во градежништвото

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во последното тримесечје од 2013-та година, во споредба со истиот период претходната година, се повисоки за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се на истото ниво, трошоците за материјали се
повисоки за 0,2 отсто, а трошоците за вработените се пониски за 0,7 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,4 отсто, трошоците за материјали се
пониски за 2,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 14,6 отсто.