Пораз на Еурофарм Пелистер во Шафхаузен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз го завршија натпреварувањето по групи, но ги продолжуваат натпреварите од Европската ракометна лига.

Битолчани вечерва во швајцарски Шафхаузен беа совладани од домашниот тим Кадетен со 29:26 (16:12) во натпревар без реални шанси за изненадување со што останаа на четвртото место на табелата во групата „Д“ со 11 освоени бодови, зад ГОГ Гудме со 12, Кадетен со 14 и Рајн-Некар Левен со 17 бодови.

Во тимот на Кадетен Шафхаузен најдобар беше Барок со 7 постигнати голови, а исто толку кај битолчани постигна босанскиот интернационалец Периќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.