Пораз на Хјустон и покрај 58-те поени на Харден

Највозбудливиот натпревар изминатата ноќ во НБА лигата го одиграа Хјустон Рокетс и Бруклин Нетс, а славеа по продолжението гостите со 145:142 и покрај 58-те кошеви на Џејмс Харден, а „ракетите“ поставија и рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот со дури 70 обиди за три поена.

Спенсер Динвиди ги предводеше Нетс со 33 коша, вклучително и трите „тројки“ во последните 27 секунди од региларниот дел на натпреварот. На Рокитс не им помогна ниту Џејмс Харден кој постигна 58 поени, што му е втор меч по ред во кој постигна повеќе од 50 кошеви. На тоа додаде и десет скокови и шест асистенции.

Тензично беше и во Окленд, каде што домашните Голден Стејт Вориорс со 147:140 ги победија Њу Орлеанс Пеликанс. Стив Кари мечот го заврши со 41 кош, од што седум „тројки“, додека кај Пеликанс најдобар беше Ентони Дејвис со 30 поени, 18 скокови и седум асистенции.

Портланд Трејл Блејерс со 129:112 дома славеа над Кливленд Кавалирс, а до победата ги водеше Демиен Лилард со 33 кошеви. Си Џеј Меккалам додаде 19 скокови, а Јусуф Нуркиќ со по 10 поени, скокови и асистенции дојде до првиот „трипл-дабл“ во историјата

Најдобар стрелец кај Кливленд, на коишто ова им е 13-ти пораз во последните 14 натрпевари, беше Џордан Кларксон, кој натпреварот го заврши со 22 кошеви, а Родни Худ додаде 20 поени.

 

РЕЗУЛТАТИ

Далас Маверикс – Сан Антонио Спарс 101:105
Детроит Пистонс – Орландо Меџик 120:115
Бостон Селтикс – Торонто Репторс 117:108
Хјустон Рокетс – Бруклин Нетс 142:145 (продолжение)
Мемфис Гризлис – Милвоки Бакс 101:111
Портланд Трал Блејзерс – Кливленд Кавалирс 129:112
Голден Стејт Вориорс – Њу Орлеанс Пеликанс 147:140
Лос Анџелес Клиперс – Јута Џез 109:129

ТАБЕЛИ

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

 

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Торонто 33 13 .717 –
2. Филаделфија 29 16 .644 3 1/2
3. Бостон 26 18 .591 6
4. Бруклин 23 23 .500 10
5. Њујорк 10 33 .233 21 1/2

 

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 32 12 .727 –
2. Индијана 29 14 .674 2 1/2
3. Детроит 19 24 .442 12 1/2
4. Чикаго 10 34 .227 22
5. Кливленд 9 36 .200 23 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Мајами 21 21 .500 –
2. Шарлот 20 23 .465 1 1/2
3. Орландо 19 25 .432 3
4. Вашингтон 18 26 .409 4
5. Атланта 14 30 .318 8

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 29 14,674 –
2. Оклахома Сити 26 17 .605 3
3. Портланд 27 19 .587 3 1/2
4. Јута 25 21 .543 5 1/2
5. Минесота 21 23 .477 8 1/2

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

 

1. Голден Стејт 31 14 .689 –
2. ЛA Клиперс 24 20 .545 6 1/2
3. ЛА Лејкерс 24 21 .533 7
4. Сакраменто 23 21 .523 7 1/2
5. Феникс 11 34 .244 20

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 25 19 .568 –
2. Сан Антонио 26 20 .565 –
3. Њу Орлеанс 21 24 .467 4 1/2
4. Далас 20 24 .455 5
5. Мемфис 19 25 .432 6