Пораз на „Лејкерси“ во дебито на Леброн

Леброн Џејмс со пораз дебитираше за „Лејкерси“ во предсезонскиот дел од НБА лигата во мечот против  „Денвер“ со 124:107, а Демар Дерозан, новата ѕвезда на „Сан Антонио Спарс“, пак, го имаше своето деби во победата над „Мајами“.

Џејмс постигна девет поени, три скока и една асистенција.
Сан Антонио славеше против Мајами со 104: 100, со седум поени на Дерозан.

„Бостон Селтикс“ му се реваншираа на „Шарлот“ за неодамнешниот пораз со тесна победа од 115: 112.

Каири Ирвинг одигра одличен дуел, постигнувајќи 20 поени.