Пораз на Никс, Клиперс се израмнија со Денвер

Кошаркарите на Филаделфија 76ерс со 117:91 ги совладаа Њујорк Никс, додека Лос Анџелес Клиперс со победата од 115:99 над Феникс Санс дојдоа на првото место во Западната конференција.

Кај ЛА Клиперс во натпреварот игран ноќта кон четвртокот во Лос Анџелес, најефикасен беше Данило Галинари кој постигна 28 кошеви со 10 скокови. Девин Букер беше, пак, предводник на Феникс Санс со 23 поени, а Ели Окобо додаде 19 кошеви. Клиперс со победата се израмнија според соодносот на победи и порази на челото на Западната конференција со Денвер Нагетс.

Во победата на Филаделфија над Њујорк, најдобар кај домашните беше Џоел Имбид со 26 кошеви, 14 скокови и седум асистенции. Марио Хезоња и Енес Кантер, пак, беа најдобри стрелци во редовите на Никс со по 17 кошеви.

Минсота Тимберволфс оствари висока победа над Сан Антонио Спарс со 128:89. Кај домашните најдобар беше Роберт Ковингтон со 21 кош.

Минесота ја презема контролата над мечот во втората четвртина кога ги надигра Спарс со 29:9, и на поливремето веќе оствари предност од 23 поени. По третата четвртина Тимберволфс водеа со 92:58 и не ја испуштија големата предност до крајот на мечот.

Оклахома Сити Тандерс со 100:83 беа подобри од гостинските Кливленд Кавалирс.

Оклахома ја предводеше Расел Вестбрук кој стаса до својот 107-ми „трипл-дабл“ во кариерата со 23 кошеви, 19 скокови и 15 асистенции. Со овој ефект Вестбрук се израмни на третото место според „трипл-дабл“ во кариерата со Џејсон Кин, а зад Оскар Робертсон кој има 181 и Меџик Џонсон со 138 натпревари со ваквот учинок.

Портланд Трејл Блејзерс со 115:112 ги победија дома Орландо Меџикс, а Демиен Лилард постигна 41 кош и го постигна рекордот на франшизата со 10 „тројки“ погодени на еден натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.