Пораз на Њукасл во судиското продолжение

мет доерти, вулверхемптон

Во неделниот натпревар од 16-то коло од англиското фудбалско првенство, Њукасл на свој терен беше поразен од Вулверхемтон со 1:2 во судиското продолжение.

Поведоа гостите со голот на Диого Јота во 17 минута, а веќе во 23 минута Ајоза Перез му донесе израмнување на домашниот тим. Меѓутоа, во 57 минута Њукасл остана со играч помалки, бидејќи директен црвен картон доби бекот Деандре Једлин, поради фаул над пртотивникот кој имаше отворен простор кон противничкиот гол.

Вулверхемптон успеа да ја материјализира бројната предноста на теренот дури во претпоследната четврта минута од судиското продолжение од контранапад кога заборавениот од домашната одбрана Мет Доерто со глава погоди.

Њукасл остана на 15-то место со 13 бода, додека Вулверхемптон се искачи на 10-то место со 22 бодови.

Во понеделникот колото ќе го заклучи дуелот меѓу Евертон и Вотфорд.