Порази на Барса и Атлетико, Ваљекано чекор од втората лига

Водечките екипи Барселона и Атлетико Мадрид во саботата забележаа порази, а во дербито на дното од табелата на шапанското фудбалско првенство, Леванте го победи Рајо Ваљекано со 4:1, освојувајќи важни бодови во борбата за зачувување на прволигашкиот статус, додека Рајо е сѐ поблиску до селењето во Сегунда.

Ова беше третиот пораз на Барселона во тековното првенство, по поразите од Леганес 1:2 на 26-ти септември и Берис 3:4 на 11-ти ноември лани. За Селта пак ова беше петти меч без пораз во низа, откако на 13-ти парил со 0:2 беше совладана од Атлетико.

Во последниот меч од саботната програма, речиси целосно изменетиот и значително подмладен состав на Барселона на гостувањето кај Селта Виго беа поразени со 0:2. Валверде првотимците ги одмораше за реваншот во Лигата на шампионите против Ливерпул во вторник, иако Каталонците во Англија патуваат со предност од три погодока. Во првото полувреме потешко се повреди Усман Дембеле.

Барселона и со втората постава имаше двојно поголем посед на топката и двојно повеќе прецизни проигрувања, но и дупло помалку шутеви на противничкиот гол, а изведе само еден корнер наспроти 11-те на противникот. Стрелци за Селта беа Максимилијано Гомез Гонзалес во 67 минута и Иаго Аспас во 88 минута од пенал кој беше досуден по консултации со ВАР системот. Селта сега е 14-та со 40 бодови, на две кола пред крајот пет повеќе од 18-от Вајадолид кој го држи местото кое води во втората лига.

Демотивираните играчи на Атлетико Мадрид, кои го имаа и математички обезбедено второто место зад Барселона, го доживеаја најтешкиот пораз сезонава. Во судиското продолжение од првото полувреме Диего Годин постигна автогол, а потоа Борха Илгесијас во 52 и 89 минута од пенал ги постави конечните 3:0 за Еспањол.

Еспањол моментално е на осмото место со 47 бодови, три бода помалки од седмиот Атлетик Билбао кој ја држи последната позиција која води во квалификациите за Лига Европа и има меч помалку. Атлетико Мадрид има 9 бодови предност пред градскиот ривал Реал кој во недела го пречекува Виљареал.

Стрелци за Леванте беа Хозе Кампања во 12, Рубен Везо во 43, Жесон во 85 и македонскиот репрезентативец Енис Барди во 90 минута, додека Рајо само намали во 71 минута преку Алвардо Гарсија Ривера, а од 82 минута играше со играч помалку откако беше исклучен Адри Ембарба.

Леванте со 40 бодови е на 15-то место, а Рајо е е претпоследен 19-ти со 31 бод, и на две кола пред крајот има шест бодови помалку од местото кое обезбедува опстанок во Примера.

Леганес пак беше убедлив на гостувањето кај Севилја и ја совлада со 3:0, а стрелци за победниците беа Јусуф ал-Несри во 8 , Мартин Брејтвајт во 20 и Оскар Родригез Арнаиз во 82 минута.

Леганес е моментално 11-ти со 45 бодови, и до крајот на колото може да назадува на табелата најмногу две места. Севилја, пак, остана на 55 бодови и на петтото место кое води во Лига Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.