Порази на Голден Стејт и Кливленд

Ноќта кон неделата во НБА лигата ја одбележаа поразите на шампионот и вицепрвакот, откако Хјустон Рокетс ја прекинаа серијата од 14 гостински победи на Голден Стејт Вориорс, кој во Тексалс зауија со 108:116, додека уште полошо минаа Кливленд Кавалирс кој кај Оклахома Сити беа поразени со 124:148.

Дуелот меѓу двете водечки екипи во Западната конференција во Хјустон му припадна на домаќин, во чиј состав по паузата поради повредата на грбот се врати Џејмс Харден кој постигна 22 кошови, но главен играч синоќа беше Крис Пол со 33 поени и 11 скокови. Голден Стејт остана на 14-те победи на гости и не успеаја да го соборат рекордот од 16 гостински триумфи во серија на Лос Анџеелс Лејкерс од сезоната 1974/75. Кевин Дјурант со 26 и Стефен Кари со 19 поени сепак дадоа премалку за да се избегне вториот пораз од Хјустон во нивниот трет дуел сезонава.

Кливленд во Оклахома Сити прими дури 148 кошови, а нивната ѕвезда Леброн Џемјс, постигна 25 поени, влезе во историјата како седми играч кој постигнал повеќе од 30.000 поени.

Но ниту Џејмс не успеа да ги спаси Кавалирс од понижувачкиот пораз од одличните Тандерс. Пол Џорз со 36, Кармело Ентони со 29 и Расел Вестбрук со 23 поени и дури 20 асистенции беа немилосрдни за вицешампионите. Оклахома имаше огромна надмоќ во скокот 52-28, имаа 51,7 отсто прецизност во шутот и 27 проценти во ударот за „тројки“. За Кливленд ова е петти пораз во последните шест натпревари и само се трети во Источната конференција зад Бостон и Торонто.

Филаделфија 76ерс на домашен терен ги совладаа Милвоки Бакс 116:94. Најдобар играч кај Сиксер, ко се сега шести на Истокот со сооднос 22-20, беше Џоел Ембид со 19 поени и 9 скокови, додека кај Бакс најдобар беше Крис Мидлтон со 23 кошови.