Порази на Индијана и Орландо, расположени стрелците во Бостон

231

Кошаркарите на Индијана Пејсер беа поразени со 95.100 во неизвесниот дуел со Оклахома Сити во наптреварите од НБА лигата кои се одиграа ноќта кон четвртокот, а во Бостон домашните Селтикс и Нагетс постигнаа над 240 поени.

Индијана како домаќин подобро го отвори мечот и по 12 минути игра имаше 5 поени предност. Но во продолжението гостите заиграа подобро и на полувремето заминаа со 5 поени разлика во нивна полза (51:46). Во третиот дел имаше неизвесна борба во која Пејсерси поведоа, но Оклахома ја врати предноста и по трите одиграни четвртини водеа со 73:69. Последната четвртина Вестрбрук и соиграчите ја отворија одлично и ја зголемија предноста на 11 поени. Индијана успеа да се врати на само поен зоастанување (95:96). Но не можеше да стори повеќе од тоа, па на крајот славеше Оклахома.

Стивен Адамс за Оклахома постигна 23 кошови со 13 скокови, додека Расел Вестрбрук запиша „трипл-дабл“ со 10 поени, 12 асистенции и 17 скокови. Пол Џорџ, поранешен играч на Индијана кој мина во редовите на Тандерс во замената за Виктор Оладипо и младиот Домантас Сабонис, постигна 12 поени со 5 асистенции. Кај домашните најефикасен беше Оладипо со 19 кошови, Бојан Богдановиќ постигна 15 а Дарен Колинс 14 кошови.

Лос Анџелес Клиперс на гостувањето кај Орландо стасаа до победата од 106:95. Домаќините ја добија првата четвртина со 24:13, но во втората гостите возвратија со 32:16. Клиперс пред крајот на третата четвртина заиграа беспрекорно и повторно ја зголемија својата предност на почувствителна разлика. Во последната делница гостите одиграа рутински за да ја сочуваат предноста.

Клиперс ги предводеа Лу Вилијамс со 31 кош и 8 асистенции, а одличен беше и Деандре Џордан со 18 поени и дури 20 скокови, кај Орландо најефикасен беше Џонатан Сајмонс со 20 постигнати поени.

Домашен пораз забележа и Феникс од Торонто 109:115. Гостите речиси рутински стасаа до победата. Торонто на полувремет имаше шест поени предност, а во третата четвртина канадскиот тим го зголеми своето водство на 13 поени, што беше недостижно за домашните во последната четвртина.

Демар Дерозен со 37 кошови, 7 скокови и 4 асистенции ги предводеше гостите. Серж Ибака додаде 21 кош и 13 скокови, а Јонас Валациунас 20 поени и 11 скокови. За Санс, кои настапија без најдобриот играч Девин Букер, добра игра даде Трој Даниелс со 32 поени. Грег Монро и Ти Џеј Ворен додадоа по 17 поени.

Бостон Селтикс предводени од одличниот Кајри Ирвинг дојдоа до победата на свој паркет против Денвер Нагетс со 124:118, или вкупно 242 кошови во една одлична играчка изведба од двете страни. Во првото полувреме домашните ја диктираа играта, и на полувреме заминаа со 9 поени разлика. Но гостите заостанувањето го намалија на 5 кошови по три одиграни четвртини. Се очекуваше дека последната четвртина ќе биде неизвесна, но игрчите на Бостон се потрудија да не се случи тоа.

Кајри Ирвинг „броеше“ до 33 поени, на што додаде и 7 асистенции. Во Денвер најдобар поединец беше Гери Харис кој постигна 36 поени.

Портланд славеше на гости со 102:95 над Мајами. Хитс беа одлични во првите три четвртини, но гостите последната ја одиграа фантастично и тој дел од мечот го добија со резултат 32:16. Си Џеј Мекколам за Портланд постигна 28 кошови, додека на спротивната страна Елингтон даде 24 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.