Порази на Нант и Лил, продолжува кризата на Лион

Во десеттото коло од француското првенство второпласираниот Нант во саботата беше поразен од фенерџијата Метц

Победничкиот гол за Мец го постигна Хабиб Даило во 86 минута. Треба да се истакне дека Нант од 62 минута имаше играч повеќе, бидејќи домашниот бек Мола Вагу заработи црвен картон.

Лил беше поразен кај Тулуз со 1:2. За домашните стрелци беа Јаја Соного во 58 и Макс Градел во 66 минута од пенал, а истиот играч имаше уште една шанса од пенал но неговиот обид во 82 минута беше непрецизен. За Лил погоди Жозе Фонте во третата минута од судиското продолжение.

Фудбалерите на Лион тонат и натаму во кризата, и веќе осум кола не забележаа победа. Во саботата на свој терен против слабиот Дижон одиграа без голови.

Без победник одиграа и Ним и Амјен, со тоа што домашните поведоа во 41 минута преку Мартинез, а за гостите во петтата минута од судиското продолжени израмни Калабрези.

Ремс го голот на Абделхамид во 2 минута го совлада Монпелје, а Кардона во 67 минута беше стрелец на победничкиот погодок за Брест на гостувањето кај Анже.

Во петокот ПСЖ како гостин ја совлада Ница со 4:1 и е водечки на табелата со 24 бодови, пет повеќе од вториот Нант.

ТАБЕЛА

1 ПСЖ 10 8 0 2 21 5 24
2 Нант 10 6 1 3 9 6 19
……………………………………..
3 Ремс 10 5 2 3 9 4 17
……………………………………..
4 Анже 10 5 1 4 16 16 16
……………………………………..
5 Бордо 9 4 3 2 15 10 15
6 Лил 10 4 3 3 14 11 15
……………………………………..
7 Монпелје 10 4 2 4 9 8 14
8 Брест 10 3 5 2 11 13 14
9 Марсеј 9 3 4 2 10 11 13
10 Ница 10 4 1 5 13 17 13
11 Рен 9 3 3 3 8 7 12
12 Амјен 10 3 3 4 13 15 12
13 Тулуз 10 3 3 4 11 16 12
14 Мец 10 3 2 5 9 14 11
15 Сен-Етјен 9 3 2 4 8 13 11
16 Лион 10 2 4 4 14 9 10
17 Нимс 10 2 4 4 10 12 10
……………………………………..
18 Монако 9 2 3 4 15 19 9
……………………………………..
19 Стразбур 9 2 3 4 6 10 9
20 Дижон 10 2 3 5 5 10 9

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.